Денес во Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта се реализираше средба со заменик-министерот за земјоделство, г. Албрим Хоџа.
Оваа посета претставува прва посета на претставник на Владата во нашето претпријатие од неговото основање. На средбата се разговараше за главните предизвици со кои се соочува претпријатието во управувањето со државните пасишта, како и за унапредување на услугите кон сточарите.
Двете страни ја нагласија важноста од институционална соработка и продолжување на напорите за одржлив развој на сточарскиот сектор.
На 18-тата седница на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта, го потпишавме третиот колективен договор од основањето на претпријатието – документ од особено значење кој обезбедува реален напредок на правата на вработените.
Оваа спогодба не претставува само формална обврска, туку конкретна заложба за изградба на поправеден, подостоинствен и поодржлив систем за секој работник.
Со оваа спогодба обезбедуваме континуирано зголемување на платите:
7% од март 2026 година,
7% во март 2027 година,
и 7% во март 2028 година.
Истовремено, поставуваме повисоки стандарди за третман на вработените преку:
усогласување на платите,
правична компензација за ноќна работа и работа во смени,
покривање на трошоците за превоз,
исплата за работа за време на празници и прекувремена работа,
како и јубилејни награди.
Ова претставува важен чекор кон зајакнување на достоинството на работникот и градење на институција која реално го вреднува придонесот на секој поединец.
Изразуваме благодарност до синдикалната организација за коректната соработка и отворениот дијалог, кои овозможија постигнување на оваа спогодба.
Ќе продолжиме да работиме одговорно и посветено за континуирано подобрување на условите за работа и зголемување на стандардот на вработените.