Нов колективен договор за понапредни плати и права!
На 18-тата седница на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта, го потпишавме третиот колективен договор од основањето на претпријатието – документ од особено значење кој обезбедува реален напредок на правата на вработените.
Оваа спогодба не претставува само формална обврска, туку конкретна заложба за изградба на поправеден, подостоинствен и поодржлив систем за секој работник.
Со оваа спогодба обезбедуваме континуирано зголемување на платите:
- 7% од март 2026 година,
- 7% во март 2027 година,
- и 7% во март 2028 година.
Истовремено, поставуваме повисоки стандарди за третман на вработените преку:
- усогласување на платите,
- правична компензација за ноќна работа и работа во смени,
- покривање на трошоците за превоз,
- исплата за работа за време на празници и прекувремена работа,
- како и јубилејни награди.
Ова претставува важен чекор кон зајакнување на достоинството на работникот и градење на институција која реално го вреднува придонесот на секој поединец.
Изразуваме благодарност до синдикалната организација за коректната соработка и отворениот дијалог, кои овозможија постигнување на оваа спогодба.
Ќе продолжиме да работиме одговорно и посветено за континуирано подобрување на условите за работа и зголемување на стандардот на вработените.

