Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

македонски јазик

Работна посета на директорот Башким Хасани во Регионалната единица во Струмица

Директорот на Јавното претпријатие, г. Башким Хасани, денеска оствари работна посета на Регионалната единица во Струмица, при што беше извршена проценка на работата и постигнатите резултати за 2024 година.

Во однос на 2023 година, оваа единица бележи повеќе од 60% зголемување на финансискиот капацитет, што е резултат на ангажманот и ефикасноста на тимот. Како поддршка за овој напредок, директорот најави дека се обезбедени нови работни простории, со цел унапредување на условите за работа.

Последната седница за 2024 година со Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување со државни пасишта

➡ Главни постигнувања:

• Исплатени долгови: Започнавме во септември со над 4.000.000 денари заостанати долгови, а годината ја завршуваме со само 300.000 денари преостанат долг. Ова е значаен чекор кон финансиска стабилност на претпријатието.

• Годишна програма и финансиски план за 2025 година: Управниот одбор успешно ја усвои годишната програма и финансискиот план, поставувајќи цврста основа за идното управување.

• Програма за инвестиции за 2025 година: Усвоен е и планот за инвестиции, со поставени приоритети за подобрување и развој на државните пасишта.Овие резултати се доказ за заедничка посветеност и професионално управување. Со овие успешни чекори влегуваме во 2025 година со силна доверба за понатамошен напредок.

Посета на директорот Башким Хасани во Куманово и Свети Николе

Во рамките на континуираната поддршка на регионалните единици на претпријатието, денес директорот Башким Хасани оствари работна посета во градовите Куманово и Свети Николе.

За време на посетата беа дискутирани важни прашања поврзани со функционирањето и предизвиците на регионалните единици.

Главниот фокус на состаноците беше идентификување на можностите за подобрување, координација за поефикасна имплементација на задачите и обезбедување директна поддршка за персоналот на терен.

Посетата ја истакнува посветеноста на директорот за зајакнување на соработката и обезбедување успех на проектите на локално и регионално ниво.

Одржан состанок на Совет на засегнати страни на Заштитен предел „Малешево“

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија од 127 седница одржана во 2021 година, дел од Малешево станува заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел. Согласно одлуката на Владата, ЈП „Национални Шуми“ управува со заштитеното подрачје Малешево, Површината на заштитено подрачје – заштитен предел Малешево изнесува 11460.89 хектари, во рамките на кое се дефинирани три зони на заштита заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.

Во рамките на функционирањето на ЗП Малешево а на покана на Претседателот на Советот на засегнати страни ЗП „Малешево“, Јасминка Пашалиска –Андоновска на 12.12.2024 година со почеток во 10 часот во хотел „Манастир“-Берово, се одржа состанок на Совет на засегнати страни на ЗП „Малешево“, на кој состанок учество земаа претставници од, управувачот ЈП „Национални шуми“.

Советот на засегнати страни, Македонско еколошко друштво и Фармахем а меѓу другите и претставник од Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта.Целта на состанокот беше разгледување на активностите кои се завршени во 2024 година и дискутирање за предвидените идни активности во ЗП „Малешево“.

Ваквите состаноци престставуваат можност за подобро запознавање на состојбите и проблемите со кои се соочуваат засегнатите страни, нивно детектирање и изнаоѓање можности и средства за нивно решавање и давање придонес во:

– зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности;

– спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите;

– создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и природното наследство;

– регулирање и одржување на интеракцијата помеѓу човекот кон природата, заради зачувување на автентичната состојба на заштитниот предел и

– одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа.

Одржан состанок на Совет на засегнати страни на Заштитен предел „Осоговски Планини“

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија донесена на 17 ноември 2020 година, дел од Осоговските планини станува заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел.Вкупната површина на Заштитен предел – Осоговски Планини изнесува 48807.16 хектари, a со него управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ со потполна одговорност – Скопје.На покана на Управувачот со ЗП Осоговски планини, ЈП „Национални шуми“ на 11.12.2024 година(среда) со почеток во 10 часот во хотел Амор-Кочани се одржа состанок на Совет на засегнати страни на ЗП Осоговски Планини, на кој состанок учество земаа претставници од Советот на засегнати страни, Македонско еколошко друштво и Фармахем а меѓу другите и Татјана Милчевска како претставник од Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта.

Целта на состанокот беше, разгледување на активностите кои се спроведении активностите кои треба да се спроведат во иднина во ЗП „Осоговски Планини“, проблемите на терен кои секојдневно се случуваат во делот на заштита на животната средина како и продлабочување на соработката меѓу сите засегнати страни.

Средба на директорот на Јавното претпријатие за управување со државните пасишта и директорот на Националниот парк Шар во Тетово

Директорот на Јавното претпријатие за управување со државните пасишта, г. Бахким Хасани, денес оствари важна средба со директорот на Националниот парк Шар во Тетово, г. Емир Хусеини.

Средбата имаше за цел зајакнување на соработката меѓу двете институции за одржливо управување и зачувување на природните ресурси во регионот.

Во текот на дискусиите беше потенцирано значењето на координираниот пристап за управување со пасиштата и заштита на биодиверзитетот во заштитените подрачја. Двајцата директори се обврзаа на градење стратешки партнерства кои имаат за цел одржлив рурален развој и подобрување на услугите за локалната заедница.

Оваа меѓуинституционална соработка се очекува да донесе конкретни резултати во зголемување на квалитетот на услугите и зачувување на важните екосистеми во нашата земја.

Средбата е само првиот чекор во низа заеднички напори за развој и одржливо управување со природните богатства на нашата земја.

Директорот на Јавното претпријатие за управување со државните пасишта, г. Башким Хасани, денеска оствари работна посета во регионалната единица во Прилеп.

Регионалната единица во Прилеп е една од најголемите единици на ова претпријатие, која успешно управува со државните пасишта во овој регион. Оваа посета ја истакнува континуираната посветеност на претпријатието за подобрување на управувањето и поддршка на работата на регионалните единици.

Посета на директорот на Јавното претпријатие за управување со државни пасишта во Битола

Денес директорот на Јавното претпријатие за управување со државни пасишта, г. Башким Хасани, оствари работна посета на регионалната единица на оваа дирекција во Битола. За време на посетата, тој имаше можност да се сретне со вработените во оваа единица, притоа запознавајќи се одблиску со нивното функционирање и секојдневните активности.

Г. Хасани беше информиран за текот на работата и проектите на претпријатието на територијата на општина Битола, а исто така беа разгледани и плановите и приоритетите за иднина, кои имаат за цел подобрување на управувањето со државните пасишта во овој регион.

Оваа посета се оценува како важен чекор за зајакнување на соработката и обезбедување на ефикасност во работењето на регионалните единици на претпријатието.

Јавен повик бр. 01/2024 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор ичленови на надзорен одбор за контрола на материјално –финансиското работење на јавните претпријатија основани од Владата на Република Северна Македонија

1) Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 7 (седум) члена на Управниот одбор и 3 (три) члена на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење во јавните претпријатија основани од Владата и тоа:

1. Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о., на веб страницата  https://www.makedonijapat.com.mk;

2. Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на веб страницата https://mzi.mk/;

3. Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”-П.О. Скопје, на веб страница  www.mkdsumi.com.mk;

4. Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, на веб страницата www.jppasista.mk;

5. Јавно претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица” – Пробиштип, на веб страницата www.hszletovica.com.mk;

6. Јавно претпријатие  за водостопанство „ЛИСИЧЕ” – Велес;

7. Јавно претпријатие  ”Стрежево” – Битола, на веб страницата https://www.strezevo.com.mk/;

8. Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје,  на веб страницата https://www.jasen.com.mk

9. Јавно претпријатие за државни патишта, на веб страницата https://roads.org.mk/;

10. Јавно претпријатие Колекторски систем, на веб страницaта www.kolektorskisistem.com.mk.

2) Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие https://www.agroberza.com.mk/ објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 5 (пет) члена на Управниот одбор и 3 (три) члена на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за берзанско работење Агро –Берза – Скопје.

3) Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие www.slvesnik.com.mk  објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 4 (четири) члена на Управниот одбор- од редот на афирмирани и стручни лица и 5 (пет) члена на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија.

4) За член на управниот одбор на јавното претпријатие основано од Владата, може да биде именуванолице кое ги исполнува следниве услови:

1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,

2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, 

3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочнасанкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

4. Да имаат најмалку пет години работно искуство од кои:

▪ најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и 

▪ најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.

5) За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,

2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие,

3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

4. Да имаат и соодветно работно искустви и тоа: 

▪ еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство, 

▪ еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и 

▪ еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

6) Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:

1. Образец за пријавување;

2. Кратка биографија;

3. Уверение за државјанство;

4. Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити споредЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува, 

5. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казнаили прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

6. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство за соодветно место за кое се пријавува (Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија) 

7. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитираниинституции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

7) Документите од точка 6 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен  одбор/ надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење со назнака за позицијата за која се аплицира и јавното претпријатие за кое се аплицира“.

8) Членовите на Управниот одбор/ надзорниот одбор за контрола на материјално – финансискотоработење на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие – Владата на Република Северна Македонија.

9) Член на управен/ надзорен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавнотопретпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност воодлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачотна постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор.

10) Неспојливи се функцијата претседател и член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие софункциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.  

11) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5  дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик. 

12) Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страницата на јавното претпријатие.

13) Краен датум за пријавување е 21.10.2024 година.

14) Кандидатите кои аплицираат за членови на повеќе управни/надзорни одбори за контрола на материјално – финансиско работење, потребно е да поднесат поединечно пополнета пријава за секоја позиција за која аплицираат.  

15) Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Пропратни документи: 

Back to top