Одржан состанок на Совет на засегнати страни на Заштитен предел „Малешево“
Со одлука на Владата на Република Северна Македонија од 127 седница одржана во 2021 година, дел од Малешево станува заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел. Согласно одлуката на Владата, ЈП „Национални Шуми“ управува со заштитеното подрачје Малешево, Површината на заштитено подрачје – заштитен предел Малешево изнесува 11460.89 хектари, во рамките на кое се дефинирани три зони на заштита заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.
Во рамките на функционирањето на ЗП Малешево а на покана на Претседателот на Советот на засегнати страни ЗП „Малешево“, Јасминка Пашалиска –Андоновска на 12.12.2024 година со почеток во 10 часот во хотел „Манастир“-Берово, се одржа состанок на Совет на засегнати страни на ЗП „Малешево“, на кој состанок учество земаа претставници од, управувачот ЈП „Национални шуми“.
Советот на засегнати страни, Македонско еколошко друштво и Фармахем а меѓу другите и претставник од Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта.Целта на состанокот беше разгледување на активностите кои се завршени во 2024 година и дискутирање за предвидените идни активности во ЗП „Малешево“.
Ваквите состаноци престставуваат можност за подобро запознавање на состојбите и проблемите со кои се соочуваат засегнатите страни, нивно детектирање и изнаоѓање можности и средства за нивно решавање и давање придонес во:
– зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности;
– спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите;
– создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и природното наследство;
– регулирање и одржување на интеракцијата помеѓу човекот кон природата, заради зачувување на автентичната состојба на заштитниот предел и
– одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа.