Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба на директорот на Јавното претпријатие за управување со државните пасишта и директорот на Националниот парк Шар во Тетово

Директорот на Јавното претпријатие за управување со државните пасишта, г. Бахким Хасани, денес оствари важна средба со директорот на Националниот парк Шар во Тетово, г. Емир Хусеини.

Средбата имаше за цел зајакнување на соработката меѓу двете институции за одржливо управување и зачувување на природните ресурси во регионот.

Во текот на дискусиите беше потенцирано значењето на координираниот пристап за управување со пасиштата и заштита на биодиверзитетот во заштитените подрачја. Двајцата директори се обврзаа на градење стратешки партнерства кои имаат за цел одржлив рурален развој и подобрување на услугите за локалната заедница.

Оваа меѓуинституционална соработка се очекува да донесе конкретни резултати во зголемување на квалитетот на услугите и зачувување на важните екосистеми во нашата земја.

Средбата е само првиот чекор во низа заеднички напори за развој и одржливо управување со природните богатства на нашата земја.

Back to top