Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Новости

Јавен повик бр. 01/2024 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор ичленови на надзорен одбор за контрола на материјално –финансиското работење на јавните претпријатија основани од Владата на Република Северна Македонија

1) Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 7 (седум) члена на Управниот одбор и 3 (три) члена на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење во јавните претпријатија основани од Владата и тоа:

1. Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о., на веб страницата  https://www.makedonijapat.com.mk;

2. Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на веб страницата https://mzi.mk/;

3. Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”-П.О. Скопје, на веб страница  www.mkdsumi.com.mk;

4. Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, на веб страницата www.jppasista.mk;

5. Јавно претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица” – Пробиштип, на веб страницата www.hszletovica.com.mk;

6. Јавно претпријатие  за водостопанство „ЛИСИЧЕ” – Велес;

7. Јавно претпријатие  ”Стрежево” – Битола, на веб страницата https://www.strezevo.com.mk/;

8. Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје,  на веб страницата https://www.jasen.com.mk

9. Јавно претпријатие за државни патишта, на веб страницата https://roads.org.mk/;

10. Јавно претпријатие Колекторски систем, на веб страницaта www.kolektorskisistem.com.mk.

2) Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие https://www.agroberza.com.mk/ објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 5 (пет) члена на Управниот одбор и 3 (три) члена на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за берзанско работење Агро –Берза – Скопје.

3) Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие www.slvesnik.com.mk  објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 4 (четири) члена на Управниот одбор- од редот на афирмирани и стручни лица и 5 (пет) члена на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија.

4) За член на управниот одбор на јавното претпријатие основано од Владата, може да биде именуванолице кое ги исполнува следниве услови:

1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,

2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, 

3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочнасанкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

4. Да имаат најмалку пет години работно искуство од кои:

▪ најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и 

▪ најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.

5) За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,

2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие,

3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

4. Да имаат и соодветно работно искустви и тоа: 

▪ еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство, 

▪ еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и 

▪ еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

6) Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:

1. Образец за пријавување;

2. Кратка биографија;

3. Уверение за државјанство;

4. Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити споредЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува, 

5. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казнаили прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

6. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство за соодветно место за кое се пријавува (Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија) 

7. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитираниинституции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

7) Документите од точка 6 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен  одбор/ надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење со назнака за позицијата за која се аплицира и јавното претпријатие за кое се аплицира“.

8) Членовите на Управниот одбор/ надзорниот одбор за контрола на материјално – финансискотоработење на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие – Владата на Република Северна Македонија.

9) Член на управен/ надзорен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавнотопретпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност воодлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачотна постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор.

10) Неспојливи се функцијата претседател и член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие софункциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.  

11) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5  дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик. 

12) Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страницата на јавното претпријатие.

13) Краен датум за пријавување е 21.10.2024 година.

14) Кандидатите кои аплицираат за членови на повеќе управни/надзорни одбори за контрола на материјално – финансиско работење, потребно е да поднесат поединечно пополнета пријава за секоја позиција за која аплицираат.  

15) Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Пропратни документи: 

Јавен повик бр.11/2023 за пријавување на заинтересирани лица за именување на 4 (четири) члена на  Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта

Врз основа на член 17 и член 17- а став 1 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022 и 274/2022), член 13 и член 13 -а од Статутот на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта бр.02-10/6 од 15.1.2016 година, бр.02-71/5 од 17.2.2021 и бр. 02-318/3 од 20.10.2022 година и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022), Владата на Република Северна Македонија распишува: 

Ј А В Е Н   П О В И К Бр.11/2023
за пријавување на заинтересирани лица за именување на 4 (четири) члена на 
Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта

1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, распишува Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 4 (четири) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта, со мандат од четири години, со право на уште еден последователен мандат.

2. Назив на јавното претпријатие: Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта.

3. Шифра и дејност на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта според Националната класификација на дејности (НКД) е:

   – 01.61- Помошни дејности за одгледување на посеви.

4. Надлежности на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта се:
Стопанисување со пасишта во државна сопственост како управување, унапредување и користење на пасишта како добро од општ и јавен интерес. 
Јавното претпријатие ги врши следните дејности:
   – 01.61 Помошни дејности за одгледување на посеви;
   – 01.61 Помошни дејности за одгледување на животни;
   – 46.23 Трговија на големо со живи животни;
   – 46.33 Трговија на големо со млечни производи, јајца и масла и масти за јадење;
   – 42.21 Изградба на комунални објекти за течности;
   – 42.99 Изградба на други објекти од нискоградба, неспоменати на друго место.

5. Веб страна на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта  www.jppasista.mk

6. За член на управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
   – да е државјанин на Република Северна Македонија,
   – има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
   – во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
   – членовите на управниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:

  • два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, (согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика),
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.

7. Со пријавата кандидатите треба да ја достават следната документација:
   1) Образаец за пријавување;
   2) Кратка биографија;
   3) Писмо за интерес/мотивација за позицијата за која аплицира; 
   4) Уверение за државјанство; 
   5) Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува;
   6) Потврда дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
   7) Историјат за вработување од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со евидентиран стаж;  
   8) Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација
   9) Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

8. Документите од точка 7 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 4 (четири) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта “.  

9. Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие- Владата на Република Северна Македонија.

10. Член на управниот одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор. 

11. Неспојливи се функцијата претседател и член на управниот одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија. 

12. Работните задачи, одговорности и обврски на членовите на Управниот одбор се утврдени согласно Законот за јавните претпријатија, Статутот на јавното претпријатие и Деловникот за работа на Управниот одбор.

13. Управниот одбор на првата седница од своите редови избира претседател и заменик претседател.

14. Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта, примаат надомест за работата и членството во Управниот одбор согласно Одлука бр.02-294/2 oд 9.8.2021 година и тоа: претседател: 12.000,00 денари, заменик претседател: 11.000,00 денари и член: 10.000, 00 денари.

15. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 10 работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик. 

16. Повикот ќе биде објавен на веб страната на Владата на Република Северна Македонија и на веб страната на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта  www.jppasista.mk

17. Краен датум за пријавување е  25.12.2023 година.

18. Постапката на селекција на кандидатите за членови на Управниот одбор Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта ќе го спроведе Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој на Владата на Република Северна Македонија и истата се состои од две фази, и тоа: Фаза 1 – административна селекција и Фаза 2 – интервју. За кандидатите за кои при административната селекција се утврди дека не ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик или не ги доставиле потребните докази, постапката на селекција завршува. Административната селекција завршува најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите на јавниот повик. Комисијата, најдоцна десет дена од денот на завршување на административната селекција спроведува интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција. Начин на бодување на секоја од фазите на селекција е утврден согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022).

19. Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто се објавуваат на веб- страницата на основачот на јавното претпријатие.

20.  Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Пропратни документи: 

Back to top